3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Македонија: Скопскиот регион се побогат, североисточниот најсиромав

БДП на Македонија: Скопскиот регион се побогат, североисточниот најсиромав

Скопје останува центарот на Македонија во секоја смисла на зборот – главниот град има најголема продуктивност и највисоки плати. Регионалните разлики наместо да се намалуваат се зголемуваат.

Половина економија во Скопје

Речиси половина од економските активности се одвиваат во Скопје, а трендот на концентрација на стопанството во главниот град продолжува, па дури и се засилува.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во 2022-та 44.9% од вкупните активности биле во скопскиот регион.

Податоците на ДЗС покажува дека на второ место е пелагонискиот регион со 10.0%, па потоа следат југозападниот со 8.8%, југоисточниот со 8.7%, источниот со 8.0%, полошкиот со 7.5%, вардарскиот со 7.3% и североисточниот 4.8%.

Метрополата со најголема продуктивност

Скопскиот регион има најголемо население, па логично е да има и најголема економија. Сепак, дури и кога ќе се спореди БДП по глава на жител заклучокот е ист – во метрополата се создава поголема додадена вредност. Скопскиот е 37.5% над државниот просек и југоисточниот регион 8.0%. Сите останати се под просекот.

„Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто – домашен производ што не е резултат на резидентното население. Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила“ анализира ДЗС во својата публикација.

Стратегија има, имплементација нема

Македонија има стратегија односно програма и посебен орган кој ја спроведува – Бирото за рамномерен регионален развој кое финансира проекти во посиромашните општини. Според официјалната интернет страница, целите на институцијата се рамномерен и одржлив развој на целата територија на Македонија, намалување на разликите меѓу планските региони и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани. Колку е успешно нивното достигнување покажуваат статистичките податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП