6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали косата треба да ја миете наутро или навечер: Експертите ја решија...

Дали косата треба да ја миете наутро или навечер: Експертите ја решија вечната дилема

Се чини дека луѓето се поделени по прашањето за миење на косата. Некои сакаат да го започнат денот со туширање и миење на косата, додека други чекаат до вечерта за да се справат со тоа. Но, дали еден метод е подобар од другиот?

Експертите открија неколку важни детали кои кажуваат кога и како да ја измиете косата, за да остане здрава и убава.

-Изборот дали да ја миете косата наутро или навечер зависи од личните преференци, начинот на живот и типот на косата. И двете опции имаат свои предности и недостатоци, а најдобриот избор зависи од вашите индивидуални потреби и околности. Не заборавајте секогаш правилно да се грижите за вашата коса без разлика кога ја миете, за да биде здрава и силна – нагласи Елена Лавањи, директорка на Neville Hair and Beauty.

Еве брз водич за тоа кога треба да ја миете косата според типот на коса:

Тенка коса без волумен? Измијте ја наутро.

Густа/кадрава коса? Измијте ја навечер.

Косата е премногу мека и лесно се заплеткува? Измијте ја претходната вечер, до утрото ќе се смири.

Придобивките од миењето на косата наутро

Со миење на косата наутро ќе се чувствувате освежени, особено ако уживате во чувството на чиста коса на почетокот на денот. Косата измиена наутро често има поприроден волумен, што може да го олесни стилизирањето и да создаде пожив, пополн изглед.

Негативни страни на утринското миење на косата

Утринските рутини може да бидат бурни, па ако ви недостасува време, миењето на косата наутро може да додаде стрес во вашиот дневен распоред. Во зависност од тоа каде живеете, утринската влажност или нивото на загаденост може да влијае на свежо измиената коса, предизвикувајќи таа да ја изгуби својата свежина побрзо и да добие необичен мирис.

Придобивките од миењето на косата ноќе

Миењето на косата во вечерните часови може да биде смирувачки дел од вашата рутина за релаксација и да ви помогне да се опуштите по напорниот ден на работа. Заштедува време наутро, бидејќи се будите со чиста коса и можете побрзо да ја стилизирате.

Миењето на косата во вечерните часови ги отстранува наталожените дневни нечистотии и загадувачи. Скалпот ќе дише ноќе.

Негативни страни на вечерното миење на косата

Ако вашата коса е сè уште влажна кога одите во кревет, тоа може да доведе до кршење или несакано разлетување. Спиењето на влажна коса исто така може да предизвика проблеми со скалпот, како што се габични инфекции. Во зависност од типот на вашата коса, следниот ден може да изгледа рамно или помалку обемна. Ако се потите во сон, вашата коса нема да биде толку сјајна наутро, пишува Glamour.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП