Според прелиминарните податоци на Евростат, годишната стапка на инфлација во еврозоната се намалила на 2,8 отсто во јануари од 2,9 отсто во декември.
Цените на енергијата во еврозоната паднаа за 6,3 отсто на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 5,7 отсто, инфлацијата во услужниот сектор изнесува четири отсто, а индустриските производи освен енергетските производи поскапеа за два отсто, се наведува на веб-страницата на Евростат.

