28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД повторно ги задржа каматните стапки непроменети

ФЕД повторно ги задржа каматните стапки непроменети

Функционерите на Федералните резерви ги задржаа каматните стапки на највисоко ниво во последните 23 години во средата, нудејќи неизвесност за идните трошоци за задолжување.

Инвеститорите, сепак, очекуваат намалување на каматните стапки кон крајот на годинава, кои моментално се движат меѓу 5,25 и 5,50 отсто.

Стапката на инфлација, која го следи темпото на раст на цените, беше 3,4 отсто во декември во САД, почнувајќи да се приближува до целта на централната банка од два отсто. ФЕД не ги зголеми каматните стапки од јули, а состанокот овој месец беше четврти без промена.

Во соопштението на ФЕД по дводневната седница веќе не се споменува можност за зголемување на каматните стапки. Банката на федерални резерви, исто така, предупреди дека нејзините функционери „не очекуваат дека би било соодветно да се намали целниот опсег (на каматните стапки) додека не добие поголема доверба дека инфлацијата одржливо се движи кон два проценти.

Бидејќи стравувањата од рецесија се повлекоа, аналитичарите проценуваат дека Федералните резерви нема да брзаат со намалување на високите каматни стапки. Генерално, економијата на САД остана неочекувано отпорна, што треба да го намали притисокот врз ФЕД да брза.

Сепак, Комитетот за банкарство на Сенатот испрати писмо до претседателот на ФЕД, Џером Пауел, барајќи од централната банка да ги намали стапките „на почетокот на оваа година“, бидејќи е се појасно дека рестриктивната монетарна политика повеќе не е вистинската алатка за борба против инфлацијата.

Во забелешките по состанокот, Пауел рече дека верува оти каматната стапка на ФЕД најверојатно го достигнала врвот во овој циклус на затегнување и дека доколку економијата се покаже како што се очекуваше, би било соодветно централната банка да започне „да ја повлекува политиката на воздржаност во одреден момент оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП