6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната декемвриска плата во Црна Гора 814 евра

Просечната декемвриска плата во Црна Гора 814 евра

Просечната заработка без даноци и придонеси (нето) во декември, според податоците на Монстат, изнесува 814 евра и е за 0,9 отсто поголема од ноември.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември во однос на ноември бележат пад од 0,5 отсто, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат раст од 1,4 отсто“, се наведува во соопштението на Монстат.

На ниво од минатата година просечната бруто-плата била 987 евра, а просечната нето плата 792 евра.

„Во минатата година, во однос на 2022 година, потрошувачките цени бележат пораст од 8,6 отсто. Тоа значи дека реалните плати за истиот период бележат раст од 2,4 отсто“, се наведува во соопштението.

Декемвриската нето заработка во Црна Гора порасна, меѓу другото, во секторите други услужни дејности, градежништво, државна управа и одбрана, додека во однос на ноември опадна во дејностите снабдување со електрична енергија, гас и пареа, како и во рударството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП