6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФалсификаторите губат интерес за еврото

Фалсификаторите губат интерес за еврото

Уделот на фалсификувани евро банкноти повлечени од оптек во 2023-та година останува еден од најниските забележани во историјата на единствената европска валута, во однос на вкупниот број банкноти, објави Европската централна банка (ЕЦБ) на својата веб-страница.

Минатата година биле откриени 467.000 фалсификувани банкноти, од кои над 70 отсто биле со апоени од 20 и 50 евра. Откриени се само 16 фалсификати на секои 1 милион вистински банкноти евра во оптек, што е едно од најниските нивоа на индикаторот од воведувањето на еврото.

Сепак, бројот на фалсификувани банкноти е зголемен од 2022-ра година.

Меѓу фалсификуваните банкноти, 97,2% се откриени во земјите од еврозоната, 1,9% – во земјите на ЕУ кои не се дел од монетарната унија и 0,9% – во другите делови на светот.

Помеѓу 2013-та и 2019-та година, ЕЦБ пушти во оптек серија банкноти наречени „Европа“, опремени со напредни безбедносни елементи, што им ја отежнува работата на фалсификаторите, потсетува АФП.

Од крајот на 2018-та година, издавањето на нови банкноти од 500 евра е суспендирано, бидејќи се вели дека оваа деноминација ја олеснува криминалната трговија. Во 2023-та година, фалсификуваните банкноти од 500 евра сочинуваа 1,2% од сите фалсификати, според податоците на ЕЦБ.

Повеќето фалсификати се „многу слаби имитации“, забележува финансискиот регулатор.

Во моментов е во тек проект за обновување на дизајнот на идните евро банкноти, а по две анкети меѓу европските граѓани, избрани се темите „Европска култура“ и „Реки и птици“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП