4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании планираат отпуштања

Германските компании планираат отпуштања

Германските компании не само што ја губат волјата да отворат нови работни места, туку најверојатно ќе почнат да отпуштаат работници, изјави Клаус Волрабе од Економскиот институт Ifo.

Барометарот за вработување Ifo падна во јануари на 95,5 поени, нешто пониско од декември. Индексот од 100 поени укажува на статус кво, над 100 на плановите за вработување, а под 100 на спротивното, јавува ДПА.

„Тешката економска ситуација сега се рефлектира во кадровските планови“, рече Волрабе во понеделникот. Компаниите, додаде тој, сега не сакаат да вработуваат.

Генерално, индустријата планира отпуштања, иако тој показател малку се покачи, на сè уште многу негативен минус 13.

Слично е и во малопродажбата, бидејќи се повеќе трговци размислуваат да отпуштат луѓе поради намалената продажба, според истражувачите од институтот во Минхен.

Во услужниот сектор, компаниите сè уште бараат нова работна сила, но помалку, особено во ИТ фирмите и консалтинг.

Барометарот е во негатива и во градежништвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП