1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМона Лиза итно евакуирана од Лувр(ВИДЕО)

Мона Лиза итно евакуирана од Лувр(ВИДЕО)

Утринава двајца еколошки активисти ја попрскаа со супа сликата „Мона Лиза“ заштитена со оклопно стакло, која е изложена во музејот Лувр во Париз.

Сликата на Леонардо да Винчи од 16 век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и со оглед на тоа што е заштитено со стакло отпорно на куршуми, најверојатно нема да биде оштетено.

Активистите ја оправдаа својата акција со желба да го промовираат „правото на здрава и одржлива храна“, пренесува BFM TV.

Музејот Лувр ја активираше кризната единица, просторијата во која се наоѓа „Мона Лиза“ веднаш е евакуирана и во тек е чистење.

Еколошките активисти го претставија фрлањето супа на „Мона Лиза“ како „почеток на кампањата на граѓански отпор, која носи јасно барање, корисно за сите: социјално осигурување за одржлива храна“.

Најпознатата слика во светот, која се наоѓа зад заштитно стакло од 2005 година, веќе неколку пати беше мета на активистите.

Да потсетиме, на крајот на мај 2022 година, активист и фрли палачинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП