3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Bank of Japan“ остана единствената централна банка со негативни каматни стапки

„Bank of Japan“ остана единствената централна банка со негативни каматни стапки

„Bank of Japan“ се очекува да ја задржи својата ултра-лабава монетарна политика на првиот состанок во оваа година, додека ја намалува прогнозата за основната инфлација за следната фискална година, пишува „CNBC“.

Банката ги остави каматните стапки на -0,1% и одлучи да се држи до политиката за контрола на кривата на принос.

Приносот на јапонската 10-годишна обврзница се намали, додека јапонскиот јен зајакна за 0,1 отсто на 148 во однос на зелената банкнота. Индексот „Nikkei 225“ накратко го допре новото високо ниво во последните 33 години пред да ги намали придобивките.

Сите економисти анкетирани од „Reuters“ очекуваа јапонската централна банка да ја задржи политиката на негативни каматни стапки овој месец, со што таа ќе стане единствена централна банка во светот со негативни каматни стапки.

Пазарниот консензус е „Bank of Japan“ да го укине режимот на негативни каматни стапки најрано на состанокот во април откако ќе се потврди трендот за значително зголемување на платите.

Банката верува дека овој тренд ќе ги поттикне потрошувачите да трошат и ќе доведе до поодржлива и стабилна инфлација поттикната од домашната побарувачка.

Во нивните квартални изгледи за јапонската економија, членовите на одборот на банката ја намалија својата просечна прогноза за раст на основните потрошувачки цени, дефинирана како инфлација што ги исклучува цените на храната, на 2,4 отсто за фискалната 2024-та година, почнувајќи од овој април, во споредба со 2,8 отсто процениле во октомври.

„Bank of Japan“, исто така, маргинално ја зголеми прогнозата за основната инфлација за фискалната 2025-та година на 1,8% од 1,7% претходно прогнозирани.

Основниот „CPI“ на Јапонија забави на 2,3% во декември, намалувајќи го притисокот врз банката да ја нормализира политиката, иако овој резултат остана над наведената цел на „BoJ“ од 2% 21 последователен месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП