30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во еврозоната очекуваат закрепнување на побарувачката за станбени и корпоративни кредити

Банките во еврозоната очекуваат закрепнување на побарувачката за станбени и корпоративни кредити

Банките од еврозоната очекуваат благо закрепнување на побарувачката за станбени и корпоративни кредити во првите месеци од оваа година, покажа во вторникот истражувањето на Европската централна банка.

И на крајот на 2023 година, банките ги заострија критериумите за одобрување кредити, со построги услови за компаниите и потрошувачките кредити и ублажени за станбените кредити, откри ЕЦБ во истражувањето во кое учествуваа 157 кредитори.

Построги услови може да се очекуваат во бизнис секторот пред се од компаниите од градежништвото и секторот за недвижности.

Главната причина за заострувањето на стандардите за одобрување кредити е перцепцијата на ризик, утврдила ЕЦБ, а повеќето од анкетираните банки очекуваат да ги заострат и во првиот квартал на 2024 година.

Побарувачката на компаниите и домаќинствата за заеми повторно значително ослабе на крајот на 2023 година поради зголемените каматни стапки, наведува ЕЦБ, нагласувајќи ги и намалените фиксни инвестиции на компаниите, разнишаната доверба на потрошувачите и послабите изгледи за пазарот на станбени недвижности.

Банките, сепак, очекуваат благо нето закрепнување на побарувачката за корпоративни и станбени кредити на почетокот на 2024 година, за прв пат од почетокот на 2022 година.

„Очекуваниот нето пораст е поврзан со проценките на банките за долгорочната побарувачка за кредити, додека краткорочната побарувачка треба да биде непроменета“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП