5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкава просечна нето плата пресмета статистика за ноември 2023

Колкава просечна нето плата пресмета статистика за ноември 2023

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38 359 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22. 0%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8.0 %), Рударство и вадење на камен (5.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6 %).

Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава. Просечната плата во ноември изнесувала над 1.500 евра или просечни 93 223 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ три најплатени професии се од Воздухопловен транспорт, кои во ноември земале во просек 79 884 денари нето плата. Следуваат вработените во Фармација со 60 006 денари за ноември.

На другата страна пак од скалилото, топ три најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во ноември добиле во просек по 19.957 денари. Следуваат вработените во секторот “Услуги поврзани со одржување згради” со 23.602 денари, па тие во “Производство на кокс и рафинирани нафтени производи” со 25.803.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП