3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзбегнувајте ја оваа храна и намалете го ризикот од рак

Избегнувајте ја оваа храна и намалете го ризикот од рак

Се зголемува бројот на малигни заболувања, па затоа треба да направите сѐ за да спречите појава или развој на рак. Неопходно е да се сменат одредени животни навики за да се намали ризикот од добивање рак.

Јадењето храна која нема здрава хранлива вредност е еден од главните фактори на ризик за добивање рак. Сепак, дали знаевте дека дури и некои намирници за кои мислиме дека се здрави и безопасни исто така можат да бидат канцерогени?

Имено, одредени состојки кои се наоѓаат во речиси сите пакувани намирници можат да бидат канцерогени и да претставуваат сериозен ризик.

Студијата на Оксфорд ги спореди ризиците од развој на рак кај луѓето кои консумирале нитрати и нитрити и оние кои не консумирале. Резултатите покажаа дека редовното консумирање на производи кои содржат нитрати го зголемува ризикот од рак на дојка за приближно 25 проценти. Покрај тоа, конзумирањето големи количини на храна која содржи нитрити го зголемува ризикот од рак на простата за речиси 60 проценти.

Високо преработена храна

Високо преработената храна често вклучува конзерванси и прекумерни количини шеќер и нездрави масти кои промовираат зголемување на телесната тежина и дебелина. Овие елементи можат да го влошат воспалението и оксидативниот стрес, кои се поврзани со развојот на рак, заедно со недостаток на витални хранливи материи.

Месни производи

Месото конзервирано со пушење, сушење, солење или месо кое содржи хемиски конзерванси е поврзано со зголемен ризик од рак на дебелото црево. Повеќето од овие меса се направени со канцерогена состојка позната како натриум фосфат која се користи за да се даде на пакуваното месо светло црвена боја за да изгледа свежо. Овие производи вклучуваат колбаси, виршли, пакувана шунка, салами и сите видови црвено месо што се користат во замрзнатите оброци.

Вештачки засладувачи

Повеќето вештачки засладувачи се произведуваат хемиски. Некои студии сугерираат дека вештачките засладувачи предизвикуваат таложење токсини во телото и потенцијално предизвикуваат тумори на мозокот.

Пржена храна

Секојдневното консумирање пржена храна исто така го зголемува ризикот од рак. Ако минатата недела сте јаделе месо на скара, тоа нема да ви донесе рак. Станува збор за постојано консумирање, затоа потрудете се да јадете сè во умерени количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП