27 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАОд утре нормализација на јавниот превоз во Скопје

Од утре нормализација на јавниот превоз во Скопје

Со 25 гласови „За“ Советот на Град Скопје на повторената вондредна седница донесе одлука со која се одобруваат субвенциите за ЈСП во вредност од 11 милиони евра.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата преку амандмани се обидоа да ги намалат овие средства за речиси една третина но тоа не беше прифатено од останатите советници и за градоначалничката Арсовска која кажа дека на овој начин, пари за претпријатието ќе има само за неколку месеци а дополнителен проблем е што се влегува во предизборен период каде советот ќе нема можност да доделува пари.

Во очекување да се изгласа оваа точка, вработените во претпријатието во знак на протест поради неисплатената декемвриска плата, утрово во 9 часот прекинаа да сообраќаат по скопските улици.

Барањето за доделување субвенции го поддржаа 25 члена на Советот, а немаше воздржани или оние кои гласаа „против“.

Оваа одлука беше дочекана со аплауз од дел од советниците.

„Благодарност до луѓево позади, 500 луѓе што денеска ни дадоа голема поддршка и смрзнаа на овие минусни температури. Благодарност и до 25-те советници во Советот на Град Скопје кои се и од опозицискиот дел што веќе е донесена одлука целосната субвенција за 2024 година на ЈСП да се префрли дали одеднаш или како ќе се договорат за да бидеме мирни во 2024 година“, изјави Стојановски по завршувањето на седницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП