18 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузно Pilot пенкало

Луксузно Pilot пенкало

pilot2

Пред 50 години, „Pilot“ брендот го претстави првото пенкало на повлекување во светот…

„Pilot“ пенкалото без капак е познато по својот единствен механизам кој му овозможува на врвот да се повлече внатре во буренцето кога не е во употреба. За да ја одбележат годишнината на ова важно случување, овој јапонски производител на луксузен прибор за пишување, го лансираше своето прво дрвено пенкало. „Pilot Limited Edition 50th Anniversary“ изданието е направено од јаворово дрво, а збогатено е и со 18-каратно злато.

pilot1

Пенкалото ја комбинира нивната иновативна технологија за пишување со минималистичкиот и во исто време и ексклузивниот дизајн, кој ќе ги воодушеви оние кои сакаат луксузен и фин прибор за пишување. Секое пенкало од ограниченото издание доаѓа елегантно спакувано во соодветна дрвена кутија, со пет патрони со мастило и единствен сериски број. Само 900 вакви пенкала ќе бидат достапни за купувачите ширум светот, а половина од тие пенкала ќе се најдат на продажба овој месец.

pilot3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП