2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntel: Стагнација на добивката и профитот

Intel: Стагнација на добивката и профитот

T

Најголемиот прозводител на компјутерски чипови во светот, американски „Intel“, објави дека тримесечната добивка останала скоро непроменета во однос на истиот временски период од минатата година. Па така добивката на „Intel“ изнесува 2.9 милијарди долари, што значи дека била за 0.7 проценти помала од истиот квартал во 2012-та година. Сепак приходите пораснале за 0.2 проценти или на 13.4 милијарди долари.

„Третото тромесечије е во складот со очекувањата, со скромен раст во многу тешката средина“, заклучи Извршниот директор, Брајан Крзанич.

За да го заживее неуспешното работење, американскиот гигант ќе се обиде да влезе на пазарот на процесори за паметните телефони и таблети, а Крзанич истакнува дека ќе ги засилат напорите за да стекнат предност на пазарот за мобилни.

„Ја спроведуваме нашата стратегија и нудиме се поширок и поразновиден асортиман на производи кои ги опфаќаат клучните сегменти на растот, оперативните системи и матичните плочи. Од август воведовме повеќе од 40 нови производи, со поголем акцент на ултра-мобилните уреди и 2 во 1 составите“, додава тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП