6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСеверна Кореја тестирала подводен систем за нуклеарно оружје

Северна Кореја тестирала подводен систем за нуклеарно оружје

Северна Кореја тестираше „подморски систем за нуклеарно оружје“ како одговор на заедничките воени вежби на Вашингтон, Сеул и Токио, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.

Вежбите, спроведени претходно оваа недела, „сериозно ја загрозија безбедноста“ на Северна Кореја, соопшти севернокорејското Министерство за одбрана, пренесе КЦНА.

Како одговор, Пјонгјанг „изврши важен тест на својот подморнички нуклеарен систем „Хаил-5-23“ во развој“, се додава во соопштението на Министерството.

Системот за оружје беше тестиран во Јапонското Море.

Пјонгјанг објави дека маневрите на САД, Јужна Кореја и Јапонија се „причина за понатамошна дестабилизација на регионалната ситуација“ и „сериозна закана за безбедноста“ на Северна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП