2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуризмот во ЕУ ги надмина нивоата пред пандемијата

Туризмот во ЕУ ги надмина нивоата пред пандемијата

Во 2023-та година, туризмот во Европската унија продолжи да закрепнува по пандемијата со Ковид-19, што ја направи годината рекордна за секторот за сместување во Унијата, според податоците на Евростат.

Вкупниот број на ноќевања во туристичко сместување во ЕУ во текот на годината е рекордни 2,92 милијарди или 1,6% над нивото од 2019-та година, покажуваат прелиминарните податоци.

Минатата година во ЕУ се реализирани 171 милион повеќе ноќевања во однос на 2022-ра година (зголемување од 6,3%). Ова главно се должи на зголемувањето на ноќевањата реализирани од странски туристи (за 146 милиони повеќе). Туристите од ЕУ кои летувале во сопствената земја имале 25 милиони ноќевања повеќе.

Споредено со 2022-ра година, во 2023-та година речиси сите земји во ЕУ забележале раст.

Во Малта и Кипар растот е над 20%, а во осум други земји од унијата растот на туристичките ноќевања е над 10% поголем од 2022-ра година (Словачка, Латвија, Бугарија, Австрија, Чешка, Португалија, Романија и Грција). Само Луксембург забележа мал пад (-0,1%).

Во апсолутни бројки, најголем пораст на ноќевањата е забележан во Германија (32,8 милиони повеќе ноќевања во 2023-та година во споредба со 2022-ра година) и Шпанија (зголемување од 32,3 милиони ноќевања).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП