28 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАЈСП нема да вози в понеделник ако на вработените не им биде...

ЈСП нема да вози в понеделник ако на вработените не им биде исплатена платата

Трите репрезентативни синдикати на Јавното сообраќајно претпријатие информираа дека ќе нема превоз в понеделник ако не ја добијат платата до тогаш. Според претседателот на еден од трите синдикати во Миќо Стојановски, решението е едноставно, да се остави претпријатието само да работи и само да остварува профит.

„Не ни треба Советот на Град Скопје, не ни треба Град Скопје, нека не остават нас самите да си го остваруваме приходот. Не бараме ни субвенции, не бараме никаква помош од Градот и државата. Нека не остават ние да управуваме со нашето претпријатие како што беше пред да почне плурализмот и демократијата“, нагласи Стојановски.

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие ‘Скопје’ ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП.

„Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на Град Скопје за 2024 година, тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, в понеделник, вработените во базите и другите сектори нема да работат бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата“, велат од синдикатите.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, претходно денес побара одговорност од Советот на Град Скопје поради најавениот прекин на работа на ЈСП поради неисплатената декемвриска плата.

„Оние одлуки што беа за редовното функционирање поврзани со буџетот на Град Скопје уредно ги доставив до Советот и до претседателот, дури свикав и една итна седница, на која тој со своето дискреционо право одлучи точките што беа најважни за претпријатијата на Град Скопје да ги отстрани од дневниот ред. Како што можете да видите, побаравме нова вонредна седница, таа сè уште не е свикана до денеска. Јас се надевам дека првин ќе понесат одговорност со функцијата што ја имаат, а доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна сè што сме можеле сме направиле“, рече Арсовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП