3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак полуде по навивач и го повика да слезе на теренот: „Слези...

Новак полуде по навивач и го повика да слезе на теренот: „Слези и кажи ми го тоа в лице!

Српскиот тенисер покажа кој е главен во арената „Род Лејвер“.

По завршувањето на третиот сет во мечот од 2. коло на Австралија опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Алексеј Попирин, видовме една интересна сцена.

Новак го доби сетот по драма и вистинска голгота, а поради реакцијата по крајот се крена бура.

Српскиот тенисер само остро погледна кон трибината, видно изнервиран од однесувањето на публиката.

Тој конфликт продолжи и во четвртиот сет, бидејќи Ѓоковиќ повика еден од навивачите да се симне на теренот.

-Слези и кажи ми го тоа в лице – му рекол Новак на навивачот, што го снимила камерата за време на преносот.

Како изгледаше крајот на третиот сет погледнете во видеото под текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП