11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвежаните го решија проблемот: Гасот во Европа не бил толку евтин повеќе...

Норвежаните го решија проблемот: Гасот во Европа не бил толку евтин повеќе од две години

Цените на природниот гас во Европа денеска се стабилизираа на најниско ниво за повеќе од две години благодарение на обилните резерви и благата зима.

Утрово мегават-час гас со рок на испорака од еден месец чинеше 29,70 евра на референтната холандска дигитална платформа.

Вчера падна под нивото од 30 евра за прв пат од почетокот на 2022 година. Аналитичарите посочуваат на релативно обилното снабдување со увезен течен природен гас и целосни складишни капацитети благодарение на благата зима. Во Германија во саботата биле пополнети 83,80 отсто, пренесува Индекс.

Норвешка стана главен снабдувач

На почетокот на минатата година неговата цена беше околу 79 евра за мегават-час, за накратко да надмине 57 евра во октомври кога конфликтот во палестинскиот Појас Газа ја подгреа загриженоста за снабдување. Оттогаш бележи надолен тренд.

Во август 2022 година достигна 277 евра поради намаленото снабдување од гасоводите во Русија. Во меѓувреме, Норвешка стана главен снабдувач на гас во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП