Драматична е ситуацијата по ерупцијата на Исланд. Во близина на малиот град Гриндавик се отвори нова пукнатина. Должината на пукнатината е најмалку 150 метри.
Лавата тече кон населбата и ги проголта првите куќи. Најмалку две куќи горат, јавуваат исландските медиуми.

