6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефлација во Кина

Дефлација во Кина

Потрошувачките цени во Кина паднаа за 0,3 отсто на годишно ниво во декември, што претставува трет последователен месец на дефлација во земјата, покажуваат денеска објавените податоци од Националното биро за статистика на Кина.

Пазарите очекуваа нешто повисока дефлација од 0,4 отсто.

Цените на храната во Кина се намалени на годишно ниво за 3,7 отсто, а цените на непрехранбените производи пораснале за 0,5 отсто, пред се поради порастот на цените на облеката за 1,4 отсто, домувањето за 0,3 отсто, здравствените услуги за 1,4 отсто. а образованието 1,8 отсто.

Во декември базната инфлација во Кина е забележана од 0,6 отсто, што е исто како и во претходните два месеци.

Инфлацијата во Кина за цела 2023 година изнесува 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП