5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат цените на становите во ЕУ и еврозоната

Паѓаат цените на становите во ЕУ и еврозоната

Цените на куќите во Европската унија паднаа за еден процент во третиот квартал од 2023-та година во однос на истиот период во 2022-ра година, додека во еврозоната падот на цените беше 2,1%.

Ова го откриваат најновите податоци на Евростат за индексот на цените на домовите.

За споредба, во претходниот квартал од минатата година цените на становите во ЕУ паднаа со годишна стапка од 0,9%, а во еврозоната за 1,5%.

На квартална основа – во третиот во однос на вториот квартал од 2023-та година, цените на куќите во ЕУ пораснаа за 0,8%, а оние во еврозоната за 0,3%.

Од земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, 10 забележаа годишно намалување на цените на куќите во третиот квартал, додека други 16 забележаа годишен пораст.

Луксембург (-13,6 отсто), Германија (-10,2 отсто) и Финска (-7 отсто) доживеаја најзначаен годишен пад на цените на становите во периодот јули – септември 2023-та година. Наспроти нив, најголем пораст забележаа Хрватска (+10,9 отсто), Полска (+9,3 отсто) и Бугарија (+9,2 отсто).

Во однос на претходниот, втор квартал, цените на становите во третиот квартал се намалени во 7 земји-членки на ЕУ, во Италија се непроменети, а во 18 земји се зголемени.

Најголем пад на цените во однос на претходниот квартал е забележан во Луксембург (-6,3 отсто), Финска (-2,7 отсто) и Германија (-1,4 отсто), додека најголем пораст има во Полска (+4,5 отсто), Романија (+3,4 отсто), Данска (+3,1 отсто) и Бугарија (+2,7 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП