5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги бара рецепт за европска конкурентност

Драги бара рецепт за европска конкурентност

Поранешниот италијански премиер и шеф на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги се сретна во Милано со лидерите на европските компании во потрага по рецепт кој треба да ја подобри конкурентноста на индустријата во ЕУ.

Светска банка(СБ) проценува дека економијата на еврозоната пораснала за само 0,4 отсто во 2023 година, а меѓу проблемите го издвоила континуираниот пад на извозот во услови на влошување на ценовната конкурентност и слабата надворешна побарувачка.

Високите цени на енергијата ја забавија потрошувачката на домаќинствата и работењето на компаниите, особено во индустријата, а кон крајот на годината ослабна и услужниот сектор, утврди СБ.

Кинеските производители на електрични автомобили најавуваат истовремен налет на европскиот пазар, сметајќи на поволни цени, врз основа на моделот на внатрешно производство на батерии и достапни клучни суровини.

Во петок Драги ќе поднесе извештај во Брисел за досегашните резултати од работата на извештајот, кој треба да биде завршен во јуни или јули. Во средата тој во Милано се сретна со претставници на европските индустриски компании.

„Ова е само една од низата состаноци што ги одржуваме како дел од составувањето на извештајот. Денешните соговорници се претставници на индустријата, кои ќе ги слушам“, изјави Драги на новинарите пред почетокот на состанокот, кој беше затворен за јавноста.

Соговорници на Драги беа, меѓу другите, претседателот на телекомуникациската компанија Водафон Жан Франсоа ван Боксмер и неговиот колега од Сименс Џим Хагеман Снебе, дел од деловното здружение Европската тркалезна маса за индустрија (ЕРТ), се вели во соопштението за медиумите.

Приходите на членовите на здружението надминуваат две милијарди евра, а претставниците на компаниите на средбата побараа подобро усогласување на европската регулатива и фокус на иновациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП