17 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДвегодишното девојче имало скршен череп, ребра и крвавење во мозокот – се...

Двегодишното девојче имало скршен череп, ребра и крвавење во мозокот – се бара притвор за таткото

Обвинителството бара притвор за таткото на 2-годишното девојче од Кичево, кое загина откога било натепано.

Обвинителството објави дека за таткото е донесена наредба за спрoведување истражна постапка за убиство.

„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој ѝ нанел повеќе удари со рацете и нозете предизвикувајќи ѝ тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крвавење во мозокот и скршеници на две ребра“, информираа од Обвинителството.

Министерството за здравство објави дека девојчето следниот ден, на 19 декември, на Ургентниот центар при Општата болница во Кичево во коматозна состојба била примена, а во болницата ја донела мајка ѝ. Поради критичната состојба, малата пациентка е препратена на Ургентниот хируршки центар во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, а потоа префрлена на Универзитетската клиника за неврохиргија во Скопје.

По 22 дена борба за живот, детето починало од зобиените повреди на 8 јануари во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Здравствените институции, во кои беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП