8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка објави нови прогнози за глобалната економија

Светска банка објави нови прогнози за глобалната економија

Глобалниот економски раст ќе забави до 2,4 отсто во 2024 година, се вели во прогнозата на Светска банка објавена денеска.

Доколку ова сценарио се оствари, светската економија ќе забави трета година по ред, откако претходно порасна за 2,6 отсто во 2023 година, три отсто во 2022 година и 6,2 отсто во 2021 година, пренесува АП.

Главниот економист на Светска банка, Индермит Гил, стравува дека сиромашните земји со високи нивоа на долгови нема да можат да си ги дозволат инвестициите неопходни за борба против сиромаштијата и климатските промени.

Светска банка очекува дека еврозоната ќе порасне за 0,7 проценти оваа година, што е скромно подобрување во однос на минатата година од 0,4 проценти.

Според прогнозата на Светска банка, американската економија ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто во 2024 година, а кинеската економија од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација во 2024 година ќе падне од 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 година и на 3,4 отсто во 2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП