1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ губи околу еден милион работоспособни жители годишно поради стареењето на населението

ЕУ губи околу еден милион работоспособни жители годишно поради стареењето на населението

Комесарката за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон, денеска изјави дека земјите-членки на ЕУ ќе мора да се соочат со тешки предизвици како што старее населението на континентот.

Таа при денешната посета на Грција рече дека „работното население во ЕУ се намалува за еден милион годишно, што значи дека легалната миграција треба да се зголемува за речиси еден милион годишно“.

Таа рече дека има итна потреба да се запре илегалната миграција и да се најдат полегитимни алтернативи.

Европската комисија се обидува да ги промени правилата за миграција низ ЕУ пред крајот на нејзиниот мандат и изборите за Европскиот парламент во јуни, а прелиминарен договор беше постигнат минатиот месец.

Според проекциите направени од агенцијата за статистика на ЕУ, Евростат, уделот на населението постаро од 65 отсто ќе се зголеми од 21,1 отсто во 2022 година на 31,3 отсто до крајот на овој век.

Иако загриженоста за миграцијата ја зајакна поддршката за екстремно десничарските и анти-ЕУ партии во многу европски земји, Јохансон тврди дека „предизвикувањето ксенофобија и расизам“ е генерирано од илегалната миграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП