6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Куба горивата скокнаа за 500 отсто: Од февруари литар ќе чини...

На Куба горивата скокнаа за 500 отсто: Од февруари литар ќе чини 5 евра!

Кубанската влада најави петкратно зголемување на цените на горивото бидејќи се бори со недостигот и продлабочената економска криза. Оттаму рекоа дека од февруари цените на литар гориво ќе поскапат од 25 (0,95) на 132 пезоси (5 евра). Владата, која субвенционира многу стоки, се надева дека тоа ќе помогне да се намали нејзиниот дефицит. Министерот за економија Алехандро Гил рече дека земјата повеќе не може да продава гориво по субвенционирани цени, истакнувајќи дека тоа е „најевтиното во светот“.

Министерот за финансии Владимир Регуеиро најави и зголемување на цената на струјата за 25 отсто за главните потрошувачи во населените места, како и зголемување на трошоците за природен гас.

Наведе и дека Владата ќе отвори 29 нови бензински пумпи кои исклучиво ќе прифаќаат плаќање во американски долари за да се соберат девизи за купување гориво на меѓународните пазари.

Куба е тешко погодена од економските превирања за кои се обвинува пандемијата на коронавирус, заострувањето на американските санкции во последниве години и структурните слабости, јавува Би-Би-Си.

Минатиот месец министерот за економија Алехандро Гил рече дека комунистичката влада на Куба повеќе не може да продава гориво по субвенционирани цени, велејќи дека е „најевтино во светот“.

Сепак, професорот по економија Омар Еверлени Перез изјави за АФП дека бензинот во Куба можеби е евтин според светските стандарди, но во споредба со платите во земјата, тој е „многу скап“.

Во земја каде што малку луѓе поседуваат возила, поскапувањето на бензинот дополнително ги отфрла надежите дека ќе можат да купат.

Куба, која е силно зависна од увоз, претрпе зголемен недостиг на храна, лекови и стоки за широка потрошувачка во последните четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП