3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтатистика измери инфлација од 9,4 отсто за 2023 година

Статистика измери инфлација од 9,4 отсто за 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), индексот на трошоците на животот во 2023 година, во однос на 2022 година, бележи пораст од 9.4 %, а индексот на цените на мало е 7.0 %.

Пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13.6 %, Ресторани и хотели за 12.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 11.7 %, Разновидни стоки и услуги за 11.6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 10.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8.0 %, Рекреација и култура за 6.7 %, Здравје за 4.6 %, Облека и обувки за 4.4 %, Образование за 2.9 %, Комуникации за 1.1 % и Транспорт за 0.5 %.

Движењето на индексот на цените на мало во 2023 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.

Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустрископрехранбени производи за 12.5 %, Пијалаци за 9.7 %, Земјоделски производи за 8.5 %, Услуги за 6.0 % и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 5.3 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со декември 2022 година, забележа пораст од 3.6 %, а индексот на цените на мало забележа пораст од 3.7 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во однос на претходниот месец, забележа зголемување од 0.2 %.

Зголемувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на виното за 1.3 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, пивото за 0.6 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.3 %,месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.

Исто така, во декември 2023 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 38.7 %, туристичките аранжмани за 6.8 %, електричните апарати за лична хигиена за 2.7 %, снабдувањето со вода, патниот патнички транспорт за 1.6 %, облеката за 1.5 %, големите алатки и опремата, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.2 %, поправките и изнајмувањето на обувки за 1.1 %, фармацевтските производи, услугите за рекреација и спорт, рестораните, кафулињата и слично за 0.8 %, поправката на апаратите за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.7 %, мебелот и покуќнината, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, другите услуги за опрема за сопствен превоз, медиумите за снимање за 0.5 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, терапевтските помагала и опремата, медицинските услуги, игрите, играчките и хобијата, услугите за култура, книгите, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.2 %.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 4.9 % и рибата и морските плодови за 0.6 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6.0 %, услугите за сместување за 5.5 %, парамедицинските услуги за 4.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.2 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите лични предмети за 0.3 %, другата облека и додатоците за облека, моторните возила за 0.2 %.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП