11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на гасот остануваат замрзнати до јануари 2025 година

Цените на гасот остануваат замрзнати до јануари 2025 година

Европската комисија и оваа година ќе препорача продолжување на мерките за ублажување на поскапувањето на струјата и гасот, иако моменталната состојба е поповолна од минатата зима – магацините за гас се полни, цените на енергенсите се далеку пониски од лани, а земјите обезбедија алтернативни патишта за снабдување, без оглед на Русија.

Европската комисија на крајот на ноември минатата година му предложи на Советот на ЕУ продолжување на неколку вонредни мерки на ЕУ кои беа воведени минатата година за решавање на енергетската криза.

Ограничувањето на цената на гасот требаше да заврши во февруари годинава, но министрите за енергетика се договорија за примена на оваа мерка до јануари 2025 година пред Божиќ.

Иако, според препораките на Советот на ЕУ, земјите-членки требаше постепено да ги укинуваат неселективните мерки за поддршка за решавање на енергетската криза, Европската комисија оцени дека мнозинството земји-членки ќе ги укинат овие мерки, но дека „ова е не е случај во Хрватска, Франција, Луксембург, Малта, Германија и Португалија, за кои се предвидува дека значајните мерки ќе бидат во сила следната година“. Поради оваа причина, Комисијата не очекува Австрија, Белгија, Хрватска, Германија, Италија, Латвија, Луксембург, Холандија и Словачка да ги искористат заштедите што би произлегле од укинувањето на енергетските мерки за намалување на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП