7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат цените во еврозоната

Паѓаат цените во еврозоната

Производните цени во индустријата во ноември паднаа за 0,3 отсто во еврозоната и за 0,2 отсто во Европската унија, објави Евростат.

На годишно ниво, цените паднаа за 8,8 отсто во еврозоната и за 8,1 отсто во ЕУ во однос на ноември 2022 година, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Во Европската унија продажните цени на интермедијарни производи се намалени за 0,4 отсто, во енергетскиот сектор за 0,3 отсто, цените на капиталот и трајните производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто, додека цените на нетрајните производи за широка потрошувачка се непроменети во однос на октомври.

Најголем месечен пад на цените на производителите во индустријата на земјите од Европската унија е забележан во Словачка за три отсто, Португалија за 2,3 отсто, Шпанија за 2,1 отсто, а најголем месечен раст во Шведска за 4,1 отсто, Франција за 2,4 отсто, Бугарија 0,7 отсто.

На годишна основа, цените на производителите во енергетскиот сектор на ЕУ паднаа за 21,3 отсто, цените на интермедијарните производи за 5,2 отсто, додека цените на трајните производи за широка потрошувачка се зголемија за 2,8 отсто, цените на капиталните производи за три отсто, а цените на нетрајните стоки за широка потрошувачка за 3, 4 проценти.

Најголем годишен пад на цените на производителите во индустријата на Европската унија е забележан во Белгија за 18,7 отсто, Италија за 16,3 отсто, Латвија за 15,3 отсто, а најголем раст во Луксембург за 20,4 отсто, Словачка за 10,9 отсто и Словенија 2,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП