2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинески санкции за пет американски производители на воена опрема

Кинески санкции за пет американски производители на воена опрема

Кина ќе санкционира пет американски производители на воена опрема како одговор на најновата продажба на американско оружје на Тајван, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Во изјавата, портпаролот предупреди дека неодамнешната продажба на американско оружје на Тајван „сериозно го поткопува суверенитетот и безбедносните интереси на Кина и ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“.

Компаниите кои ќе бидат санкционирани се BAE Systems Land and Armament, Alliant Techsystems, AeroVironment, Viasat и Data Link Solutions.

Кина ќе ги замрзне средствата на овие компании и ќе го забрани нивното работење во Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство.

Стејт департментот минатиот месец одобри 300 милиони долари за опремување на тактичките информациски системи на Тајван. Продажбата на оружје од САД на Тајван често е извор на тензии во односите Вашингтон-Пекинг бидејќи Кина го смета Тајван за своја територија, што тајванските власти го отфрлаат, наведува Ројтерс.

Агенцијата додава дека кинеските санкции се воведени пред претседателските и парламентарните избори во Тајван, кои ќе се одржат на 13 јануари, а кои Кина ги означи како избор меѓу војна и мир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП