2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците потрошиле 222 милијарди долари онлајн за време на празниците

Американците потрошиле 222 милијарди долари онлајн за време на празниците

Онлајн трошењето на американските потрошувачи за време на празниците на крајот на 2023-та година порасна за 4,9%, според извештајот на „Adobe Analytics“, цитиран од „Reuters“.

Зголемените промоции на стоки како што се електронските уреди и облеката, како и опциите за одложено плаќање, го поттикнаа апетитот на потрошувачите.

Помеѓу 1-ви ноември и 31-ви декември 2023-та година, Американците потрошиле 222,1 милијарди долари на интернет, што е малку повеќе од прогнозата на „Adobe“ од 221,8 милијарди долари. Една година претходно, растот на онлајн трошењето беше 3,5%.

Големите попусти на сè, од телевизори, паметни уреди и таблети до спортски производи и мебел за време на „Сајбер Понеделник“, Денот на благодарноста и „Црниот петок“ ги охрабрија дури и претпазливите купувачи да ги отворат своите паричници.

Потрошувачите се свртеа кон опциите за одложено плаќање, како што е „купи сега, плати подоцна“, при што употребата на таквите опции расте за 14%.

„Во неизвесно опкружување со побарувачка, трговците на мало користат попусти и флексибилни начини на плаќање за да привлечат купувачи оваа празнична сезона“, рече Вивек Пандја, главен аналитичар во „Adobe Digital Insights“. Според извештајот, онлајн трошењето во текот на периодот беше поттикнато од новата побарувачка на потрошувачите, а не од повисоките цени.

Податоците од американското Министерство за труд покажаа дека цените на производството во САД се непроменети во ноември, засилувајќи ги знаците за слабеење на вкупната инфлација, забележа „Reuters“.

Иако продажбата на празници забележа раст оваа година, стапката на раст е побавна од нивото пред Ковид-19. Пред една недела, извештајот на „Mastercard SpendingPulse“ покажа дека растот на продажбата на мало во САД помеѓу 1-ви ноември и 24-ти декември бил послаб од очекуваното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП