27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлиматските промени претвораат милиони во бегалци. Каде е најлошо?

Климатските промени претвораат милиони во бегалци. Каде е најлошо?

Како што се зголемува бројот на климатски катастрофи, сè повеќе луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, особено во Азија.

Според Центарот за следење на внатрешното раселување, рекордни 32,6 милиони внатрешни раселувања биле поврзани со катастрофи во 2022-та година – 41% повеќе од годишниот просек за изминатата деценија, како и 28,3 милиони луѓе раселени поради конфликти и насилство во истата година.

Четири од петте земји со најголем број нови внатрешни раселувања поради катастрофи во 2022-ра година се во Азија, посочи и Центарот за следење на внатрешната миграција, цитиран од „CNBC“. Најголем број има во Пакистан – 8,2 милиони луѓе, потоа Филипините – 5,5 милиони луѓе и Кина – 3,6 милиони луѓе.

И ситуацијата ќе се влоши.

Според извештајот на Светска банка, од 2021-ва до 2050-та година, климатските промени би можеле да принудат 216 милиони луѓе во шест региони да се преселат од нивните сегашни живеалишта во нивните земји.

Сепак, Винод Томас, виш соработник во Институтот „ISEAS-Yusof Ishak“, истакна дека овие проценки може да ја потценат реалноста:

„Прогнозите обично потценуваат колку се лоши работите, а сè е во една насока – овој тренд ќе се интензивира, и тоа многу брзо.

Најзагрозена е Јужна Азија

Регионот на Јужна Азија најверојатно ќе има најмногу луѓе раселени поради климатските промени, а густината на населението и ранливоста на ефектите од климатските промени се главните причини за тоа. Најверојатно ќе бидат најпогодени Бангладеш, Пакистан и Авганистан.

Според Светскиот економски форум, 10-18% од БДП-то на Јужна Азија е загрозена поради климатските катастрофи. Тоа е околу три пати поголем ризик со кој се соочува Северна Америка и 10 пати повеќе од ризикот во Европа.

„А внатрешното раселување предизвикано од климатските промени има тешки економски последици за земјата домаќин“, нагласи Томас.

За време на шумските пожари во Австралија за време на „Црното лето“ во 2019-та година, загубата на економското производство од изгубените работни денови по лице беше околу 510 долари, според „IDMC“. Се проценува дека покривањето само на потребите за домување на луѓето кои не можат да се вратат во своите домови една година ќе чини помеѓу 44 и 52 милиони долари.

Но, многу климатски бегалци може да одлучат целосно да ги напуштат своите земји.

„Она што го видовме во однос на надворешното движење е врвот на ледениот брег и само поглед на она што веројатно ќе се случи. И ние не сме подготвени за тоа“, вели Томас.

Патиштата за миграција

Додека внатрешното раселување поради климатските промени е многу почеста од прекуграничното раселување, луѓето може постепено да почнат да се движат преку границите, предупреди Тамара Вуд, виш соработник во Центарот за меѓународно право за бегалци – „Kaldor“, додавајќи дека понекогаш овие движења можат да бидат маскирани во форма на традиционални миграциски текови како што е миграцијата на работна сила.

Со оглед на тоа што луѓето може да бидат принудени да се движат во контекст на климатските промени бидејќи повеќе не се способни да се справат со природните ограничувања, владите треба да ги прегледаат миграциските канали што ги нудат за да видат што друго може да се направи за заштита на човековите права, Вуд нагласува и забележува дека одржливите начини на помагање мора да вклучуваат понуда повеќе од виза, обезбедување поддршка и интеграција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП