28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за декември 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за декември 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12 – 31.12.2023 година вкупниот промет изнесувал 326.270.141 денари и е намален за 6.04 отсто во однос на претходниот месец.

Класичното тргување изнесувало 317.390.441 денари и е зголемено во однос на ноември за 1,85 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 263.029.743 денари и обврзници во вредност од 54.360.698 денари.

Блок трансакциите за декември изнесувале 8.879.700 денари.

Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.145 и е намален за 18,85 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.411.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за декември 2023 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП