2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДАЛИ СТЕ ЧУЛЕ ЗА ЦРВЕНИ БАНАНИ? Еве каков вкус имаат, како се...

ДАЛИ СТЕ ЧУЛЕ ЗА ЦРВЕНИ БАНАНИ? Еве каков вкус имаат, како се јадат и колку се здрави

Бананите со црвена кора кои со зреење добиваат боја на домат, најмногу имаат вкус на сочни, слатки малини. Црвените банани се малку помали од нашите вообичаени жолти банани.

Текстурата и мекоста на црвената банана е идентична со жолтата. Вкусот на оваа банана е сладок вкус кој е најблизок до вкусот на малина.

Варење и тежина

Црвената дака банана е одличен извор на диетални влакна кои се неопходни за правилно варење.

Ако имате дигестивни проблеми, проблеми со запек или ретка столица, црвената банана е одличен избор за вас.

Една црвена банана содржи четири грама влакна. Со консумирање на оваа банана можете да го регулирате варењето и да ја намалите можноста за срцеви заболувања и дијабетес.

Бананата не содржи многу калории, па затоа е одлична храна која не содржи масти и лесно се вари. Диететските влакна ќе ве држат сити долго време со многу малку калории.

Витамин Ц

Црвените банани се богати со витамин Ц, кој е антиоксиданс. Витаминот Ц го штити телото од слободните радикали кои можат да предизвикаат рак и срцев удар.

Овој витамин го зајакнува имунитетот и го подобрува метаболизмот. Една банана содржи 16 проценти од дневната доза на витамин Ц.

Црвената банана ја зголемува енергијата

Ако ви треба инстант засилувач на енергија, црвените банани се одличен избор. Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето веднаш се претвораат во енергија со варење.

Една банана после појадок е одличен рецепт за деца кои ќе бидат силни, будни и активни во текот на денот.

Црвените банани се одлична храна за мозокот, концентрацијата, енергијата и добрата меморија.

Полесно откажување од пушење

Црвените банани се богати со витамини од групата Б и витамин Ц, како и со магнезиум и калиум, кои му помагаат на телото да се справи со симптомите кои се појавуваат во телото по откажувањето од пушењето.

Како се јадат?

Црвените банани, како и жолтите, може да се јадат свежи. Ако ја отстраните кората, се појавува вкусна и мека пулпа во боја на лосос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП