7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е тој и зошто заработува милијарди не правејќи ништо?

Кој е тој и зошто заработува милијарди не правејќи ништо?

За повеќето луѓе, пасивниот приход е дополнителен мал приход што е корисен за поправка на домашниот буџет.

За Стив Балмер тоа значи дека ќе заработува милијарда долари годишно без да направи ништо.

Балмер ќе земе толку дивиденда од Мајкрософт во 2024 година. Технолошкиот гигант ја зголеми својата квартална исплата на дивиденда на 75 центи по акција, или 3 долари по акција годишно.

Бидејќи Балмер, како поранешен извршен директор на Мајкрософт, поседува 333,2 милиони акции на компанијата од 2014 година, што е еквивалент на удел од четири отсто, тој ќе добие 1 милијарда долари во фискалната 2024 година. И тоа е само за поседување акции – без оглед на движењата на цените на берзата.

Се разбира, можно е бордот на директори на Мајкрософт да одлучи да ја намали дивидендата, но тоа не изгледа веројатно. Откако компанијата почна да плаќа дивиденди на акционерите во 2003 година, износот само се зголемува.

Балмер не е единствениот кој заработува само од поседување акции на компании кои плаќаат дивиденди.

Беркшир Хатавеј на Ворен Бафет оваа година би требало да инкасира дивиденда од дури 6 милијарди долари, според анализата на Волстрит журнал. Тоа е затоа што во повеќето од компаниите во кои Беркшир Хатавеј инвестира исплаќаат дивиденди. Таа листа ги вклучува Chevron, Bank of America, Apple, Coca-Cola, Craft Heinz и American Express.

На листата на милијардери на Форбс, Ворен Бафет моментално ја држи петтата позиција со проценето богатство од 106 милијарди долари, додека Стив Балмер е десетти со 80,7 милијарди долари.

Индексот на милијардери на Блумберг го става Балмер на петтото место со богатство од 115 милијарди долари.

Балмер му се придружи на Мајкрософт во 1980 година како асистент на Бил Гејтс, но всушност работел како генерален менаџер. Тој првично преговараше за основна плата од 50.000 долари плус 10 отсто удел од растот на профитот што го генерира, но кога неговиот дел од профитот стана преголем, тој се согласи да ги замени условите за значителен сопственички удел во компанијата.

Доверлив советник на Гејтс, тој постепено стана извршен директор на Мајкрософт во 2000 година. Тој ја напушти функцијата во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП