1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите губитници меѓу валутите во 2023-та

Најголемите губитници меѓу валутите во 2023-та

2023-та година е веќе зад нас и беше одбележана со бројни кризи и фактори на неизвесност, кои се одразија и на девизните пазари.

Меѓу неповолните фактори беа геополитичките тензии, војната што избувна на Блискиот исток, тековниот конфликт во Украина, високите каматни стапки, тврдоглавата инфлација, неизвесноста на пазарите.

Германската специјализирана публикација „Фајненцен“ ги истакнува валутите кои најмногу изгубиле од својата вредност (од 12-ти декември).

На десеттото место е руската рубља која загуби 19,12 отсто од вредноста во однос на американскиот долар.

Деветта е замбиската квача, која е намалена за 25,45 проценти.

На осмата позиција е турската лира со загуби од 35,85 отсто.

Седма е валутата на Малави, квача, со намалување од 39,8 отсто.

Шеста е анголската кванза која е амортизирана за 40 отсто, а веднаш пред неа е нигериската наира која е амортизирана за 40,91 отсто.

Четврти е венецуелскиот боливар, кој загуби 50,64 отсто од својата вредност во однос на доларот поради високата инфлација во земјата, продолжувајќи го трендот забележан во изминатите неколку години.

Третото место е на аргентинскиот пезос, кој изгубил вкупно 52,63 отсто за годината.

На второ место е сириската лира, која поевтини за 75 отсто.

Лидер во оваа антикласификација, со најголема девалвација во светот, е либанската лира, која на позадината на тешката економска криза во оваа блискоисточна земја, падна за цели 89,85 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП