Ако утрово се разбудивте со силна главоболка, голема е веројатноста дека сте испиле премногу минатата ноќ. Ви откриваме 5 совети кои можат да помогнат при мамурлакот.
- Доколку чувствувате мамурлак, прво испијте голема чаша вода за да ја надоместите изгубената течност.
- Напијте се фрапе од банана, подготвено од половина чаша млеко, една банана и две лажици мед, кој го заменува калиумот што сте го изгубиле со мокрење, а медот го зголемува нивото на шеќер во крвта што го намалува алкохолот.
- Земете сирова зелка која го чисти црниот дроб од отрови. Освен тоа, ги штити ѕидовите на дигестивниот систем и ги неутрализира негативните ефекти на алкохолот врз желудникот и цревата.
- Не пијте кафе, тоа воопшто нема да ви помогне и може да ве направи нервозни. Исто така, предизвикува дехидрација.
- Можете да пиете шолја чај секој час додека не се чувствувате подобро: чај од рузмарин – ја ублажува главоболката и му помага на црниот дроб да го разгради алкохолот, чајот од камилица ја ублажува иритацијата на желудникот и цревата.
Тежината на мамурлакот се менува во зависност од количината и видот на алкохол што сте го испиле. Симптомите вклучуваат главоболка, гадење и вртоглавица.

