12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските складишта на гас на 90 отсто пред почетокот на правата зима

Германските складишта на гас на 90 отсто пред почетокот на правата зима

Пред почетокот на правата зима германските складишта за гас се речиси полни, а залихите се доволни за два до три месеци просечна зимска потрошувачка, покажуваат во петокот податоците на европскиот оператор за гасна инфраструктура GIE.

Според податоците на веб-страницата GIE, капацитетите за складирање на гас во Германија се 90,8 отсто, а во целата Европска унија 87 отсто.

Складиштата за гас се користат за амортизација на врвната потрошувачка на пазарот на гас. Обично се полнат во топлите месеци, а се празни во студената сезона. Благата есен оваа година го олесни полнењето.

Умерените температури во ноември и декември ја намалија потрошувачката и немаше нагло празнење на складиштата, изјави Себастијан Хајнерман, шеф на германското здружение на магацински оператори INES.

Во летото 2022 година, Германија го загуби пристапот до рускиот гас, со кој претходно покриваше поголем дел од потрошувачката. Според податоците на Федералната агенција за мрежни системи, сега најголем дел од ова гориво се увезува преку гасоводи од Норвешка, Холандија и Белгија.

Норвешка е голем производител на фосилни горива, а Белгија и Холандија имаат терминали за увоз.

Гасот во Германија пристигнува и преку новите терминали за течен гас на брегот на Северното Море, како и од Швајцарија и Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП