30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостигот на танкери со мраз и санкциите ги замрзнуваат плановите на Русија...

Недостигот на танкери со мраз и санкциите ги замрзнуваат плановите на Русија за ЛНГ

Русија има за цел да го зголеми својот удел на пазарот на течен природен гас од 8% колку што е денес, на 20% во 2030-та година, што е важна задача во услови на ограничени испораки на гас во Европа.

Според податоците на Евростат, од третиот квартал на 2023-та година, рускиот гас е само 6,5% од вкупниот увоз на гас во ЕУ, каде што новите лидери на пазарот се Норвешка и течниот гас од различни дестинации (главно САД).

Сепак, руските напори тешко ќе се спроведат, а причината е недостатокот на танкери – мразокршачи, како и поради западните санкции, пишува „Reuters“, повикувајќи се на свои извори во секторот. „Новатек“, главниот руски играч на пазарот за течен гас, прогласи вонредна состојба во врска со развојот на проектот за течен гас „Арктик ЛНГ 2“ поради американските санкции. Објектите требаше да профункционираат до крајот на годината или до почетокот на 2024-та година.

„Арктик ЛНГ 2“ има капацитет да произведува 19,8 милиони тони течен гас годишно, според проценките на „Новатек“. Според извори на „Reuters“, плановите за првите испораки од него се одложуваат за неколку месеци – до вториот квартал на 2024-та година.

Русија планираше да влезе на пазарот на течен природен гас преку Северниот морски пат за да го намали времето и трошоците за испорака на нејзините потенцијални пазари во Азија. На оваа дестинација времето на испорака е намалено за 40% во однос на испораките преку Суецкиот канал, според пресметките на Москва. Сепак, условите за минување на танкери на оваа рута се доста предизвикувачки.

„Новатек“ располага со само три танкери за движење на мраз, според официјалните најави на компанијата. Во бродоградилиштето „Ѕвезда“ се очекува да бидат изградени уште 15 вакви танкери, кои се способни да поминат низ ледена покривка од два метри. Уште шест треба да обезбеди јужнокорејскиот „Hanwha Ocean“, од кои три се нарачани од „Sovcomflot“. Оваа испорака е одбиена поради санкциите против руската компанија, коментира Ханва Оушн.

Руските аналитичари коментираат дека целата инфраструктура за транспорт на течен гас преку Северниот морски пат не е достапна и нема да биде готова пред 2030 година. „Ледените“ танкери се нарачани во 2020-та година. Од „Совкомфлот“ потврдија дека има доцнење во испораките, но ќе бидат испорачани следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП