Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска ја претставија новата методологија на синдикалната минимална кошница, која ќе биде основa по којa синдикатите од 2024 година ќе се залагаат за зголемување на платите на работниците.
За основните потреби на семејство од двајца родители и две деца кои се ученици потребни се 56.522 денари, така пресметаа професорите Никола Поповски и Драган Тевдовски.


