3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНе ви се допаѓа храната што сте ја нарачале во ресторан? Искусна...

Не ви се допаѓа храната што сте ја нарачале во ресторан? Искусна готвачка советува како да се постапите

Дали гостинот е секогаш во право? Без разлика на кулинарските грешки, понекогаш може да биде навистина непристојно да ја вратите храната што ви ја послужиле во ресторан.

Ова го тврди искусна готвачка со 20-годишно работно искуство во неколку елитни ресторани.

Таа вели дека низ годините претрпела цел спектар на реакции кога станува збор за гости кои се незадоволни од храната.

„Еднаш, гостинот изеде скоро половина од својата порција пред да ме повика за да се пожали дека не е вкусно јадењето и да побара да му се направи нешто друго. Неговата реакција беше непристојна, па откако го прашав зошто ја изел половина порција ако храната била невкусна, тој уште подрско ми рече: зарем гостите не се секогаш во право?“, раскажува готвачката.

Враќањето на храната не е непријателски чин, појаснува таа. Само треба да го направите тоа со почит кон готвачот.

Во продолжение, таа ги подучува читателите кога е во ред, а кога не е во ред да ја вратите храната во ресторанот каде што ручате или вечерате.

Во овие случаи е во ред да вратите храна

Ако храната едноставно не ги „исполнува вашите очекувања“, разумно е да сакате да ја вратите порцијата.

„Кога храната не ви е вкусна или не е направена по вашите стандарди – на пример месото е премногу пржено или зеленчукот е премногу сиров, во овие случаи дефинитивно треба да се пожалите – објаснува нашата соговорничка.

А кога не е во ред да се жалите?

Ако не ви се допаѓа вашата храна, тогаш вашата чинија треба да го покаже тоа.

„Немојте да враќате храна која половина сте ја изеле“, советува искусната готвачка.
Исто така, посочува таа, можеби не е соодветно да враќате храна ако вие не плаќате за неа.

Како на пристоен начин да вратите порачка?

Најважниот фактор е тонот на обраќање, вели нашата соговорничка, додавајќи дека со зборовите „ве молам“ и „ви благодарам“ се решава секој проблем.

„Започнете така што ќе кажете на пристоен начин што е проблемот со вашата храна и пристојно замолете го келнерот да ви донесе ново јадење“ – додава таа.

Готвачката појаснува дека можете и да направите шега за да ја намалите напнатоста. Исто така, смета дека не треба да барате поврат на пари.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП