28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСакате да шетате и да го истражувате светот? Прво дознајте колку чини...

Сакате да шетате и да го истражувате светот? Прво дознајте колку чини киријата на становите

Секој што сака да живее во некој од најпопуларните и најразвиени градови во светот, мора да биде подготвен да плати висока цена за тоа.

Според студија на експертите од „Deluxe Homes“, која ги анализирала цените на закуп на станбен простор на најпосакуваните светски дестинации во 2023 година, најскапи се американските градови, а Њујорк е на првото место.

Според студијата, цената на закуп на квадратен метар во Њујорк изнесува 50,35 долари, што значи дека просечната месечна кирија е 3.300 долари.

На второ место е Сан Франциско, со 46,27 долари по квадратен метар, а на трето место е Лондон, со 43,81 долари.

Останатите градови кои се наоѓаат во топ 10 се Бостон, Вашингтон, Мајами, Лос Анџелес, Париз, Даблин и Амстердам.

Чикаго, Осло, Копенхаген и Барселона исто така се наоѓаат на листата со градови со најголема кирија по метар квадратен, со цена од 30 долари. Иако различни по дух, овие градови нудат совршена комбинација на простор и цена.

На осмото место се Прага и Берлин, кои нудат станови за изнајмување по просечна цена од 24,90 долари за метар квадратен. Овие градови не само што се слични по цена на квадрат, туку и воопшто по цената за изнајмување на еднособни станови.

Стокхолм и Виена се на 9-то место со цена од 22,47 долари. Иако просечните цени по квадратен метар во овие градови се речиси исти, просечната големина на станови во Виена е значително помала отколку во Стокхолм. Виена нуди и опција за изнајмување од 862,09 долари за целиот стан.

Најевтин стан за закуп се студија во Хелсинки и во Лисабон, кои имаат просечна површина од 30,88 квадратни метри и чинат 560 долари месечно.

Цените на закуп на станбен простор се одраз на понудата и побарувачката, квалитетот на животот, економската ситуација и други фактори.

Затоа, не е изненадувачко што најскапите градови се истовремено и најпосетувани, најиновативни и највлијателни во светот.

Но, тоа не значи дека сите кои сакаат да живеат во нив можат да си ги дозволат.

За многумина, киријата е голем дел од нивниот буџет, а за некои претставува и недостижен луксуз.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП