28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите прогнозираат економски раст на еврозоната од 0,6 отсто во 2024 година

Економистите прогнозираат економски раст на еврозоната од 0,6 отсто во 2024 година

Економијата на еврозоната се очекува да порасне скромно следната година, и покрај тоа што платите растат побрзо од инфлацијата за прв пат во три години, прогнозираат економистите.

Околу две третини од 48 економисти анкетирани од Фајненшл тајмс рекоа дека веруваат дека еврозоната веќе е во рецесија, дефинирана како БДП што паѓа два последователни квартали. Економистите на БНП Парибас сепак оценуваат дека еврозоната е во стагнација, наместо во рецесија.

Економистите предвидуваат постепено закрепнување на еврозоната во 2024 година наместо дополнително влошување. Повеќето испитаници предвидуваат дека сегашната контракција ќе биде плитка и краткотрајна, со благ позитивен раст што ќе се врати во првиот квартал од следната година.

Сепак, економистите очекуваат дека следната година ќе донесе само слаб раст и предупредуваат дека високите каматни стапки, потенцијалните превирања на енергетскиот пазар и геополитичката нестабилност може да предизвикаат подлабок пад на економијата.

Анкетираните економисти предвидуваат дека економијата на еврозоната следната година ќе порасне за нешто повеќе од 0,6 отсто. Повеќето од нив беа попесимисти од Европската централна банка и ММФ, кои предвидуваат дека економијата на Европската монетарна унија ќе порасне за 0,8, односно 1,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП