3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОвие работи веројатно не сте ги знаеле за Италија: Невообичаени обичаи единствени...

Овие работи веројатно не сте ги знаеле за Италија: Невообичаени обичаи единствени во светот

Кога зборуваме за Италија, првите работи што ни паѓаат на ум се тестенините, пицата, модата, автомобилите и волшебните места.

Меѓутоа, мештаните би рекле дека Италија е многу повеќе од сето тоа – тука можете да најдете некои работи и традиции кои никогаш не би ги виделе во други земји. Дали знаевте, на пример, дека Италијанците фрлаат мебел низ прозорецот или нешто за нивните опседнети острови? Тимот на Bright Side се обиде да најде некои помалку познати работи за Италија!

Фрлање мебел низ прозорецот

На новогодишната ноќ, луѓето во некои земји се обидуваат да ги завршат своите последни задачи, како што е купувањето на подароците оставени на нивниот список. Но, Италијанците на овој ден имаат многу необична традиција: фрлаат тенџериња, тави, па дури и мебел низ прозорците. Овој чин симболизира отпуштање на старото за да се отвори вратата за нов почеток. Затоа, доколку годинава планиравте да прославите во некој од италијанските градови, внимавајте при движењето, да не ви падне на глава тавче за палачинки или во најлош случај – гардеробер.

Опседнетиот остров Гајола

Еден од помалите острови во близина на Неапол, островот Гајола е неспорно прекрасен, но и морничав. Локалните жители го нарекуваат опседнат остров поради многуте смртни случаи на неговите сопственици. Неговиот прв жител кој живеел во осаменост едноставно исчезнал еден ден без никаков знак. Следниот сопственик починал од срцев удар, а оној по него се самоубил. И да, ова се само некои случаи. По сите овие настани, островот моментално е ненаселен и напуштен. Кој знае, можеби во блиска иднина, со оглед на италијанската практика на населување во последните години, властите ќе платат некому да го насели островот.

Излупи го овошјето пред јадење

Луѓето во Италија обично не јадат овошје, како јаболка, круши и праски, со лушпа. Наместо тоа, прво ја лупат, што не е невообичаено за повеќето странци. Објаснувањето за ова е дека Италијанците сакаат да јадат здрава храна и мислат дека пестицидите што се нанесуваат на неа не се отстрануваат правилно, дури и по миењето. Затоа, немојте да се чудите ако Италијанецот очекува и нож заедно со јаболкото што ќе му го понудите.

Нема јајца за појадок

Печените јајца со сланина, леб и путер можеби изгледаат како совршен појадок доколку не сте Италијанец. Сепак, локалните жители претпочитаат да јадат нешто слатко наутро, како што се житарици или бисквити, овошје и еспресо. Како што велат самите Италијанци: „Сакате јајца за појадок? Одете во Лондон“. Секако, во хотелите од високата категорија нема да пропуштите ниту птичјо млеко, ниту јајца, но генерално – Италијанците немаат јајца за појадок.

Несреќниот број 17

Додека во повеќето земји бројот 13 се смета за несреќен број, за Италијанците е 17. Тоа е затоа што со преуредување на римскиот број XVII може да се создаде зборот VIXI, што на латински значи „мојот живот заврши“. Ова е причината зошто дури и некои италијански хотели немаат седумнаесетти кат, па ако се прашувате зошто има дупка помеѓу 16 и 18 – сега го знаете одговорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП