8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд почетокот на годината Русија извезла храна за 39 милијарди евра, 14...

Од почетокот на годината Русија извезла храна за 39 милијарди евра, 14 отсто повеќе од лани

Од почетокот на годината Русија извезла храна во вредност од 39 милијарди евра, што е за 14 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, изјави рускиот министер за земјоделство Дмитриј Патрушев.

„Оваа година рускиот земјоделски извоз активно расте и покрај тоа што многу западни земји се обидуваат да стават „клипови во тркалата“ на нашата надворешно-трговска размена“, рече Патрушев, пренесува Тас.

Уделот на житариците во вкупниот руски извоз на храна е традиционално најголем и изнесува 38 проценти.

Патрушев очекува до крајот на тековната година вкупната вредност на рускиот извоз на храна да се искачи на 40,8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП