Диетата со пуканки е слична на многуте други диети, кои во центар на вниманието ставаат одредени здрави намирници и околу нив го градат остатокот од менито.
Пуканките се добар извор на јаглехидрати и можат да се користат во програмите за слабеење. На пример, една порција пуканки содржи само 70 калории.
Пуканките се хранливи, а во исто време не го расипуваат апетитот. Нивната главна предност е во тоа што содржат голема количина на влакна. Пуканките му помагаат на системот за варење и ја намалуваат количината на шеќер во крвта.
Пченката има уникатен состав на активни природни состојки – полифеноли кои се антиоксиданти и се добри за кожата, тие исто така го попречуваат развојот на многу болести и помагаат да се продолжи младоста.
Како пуканките можат да ви помогнат да ослабите и до што треба да се придржувате?
1. Јадете мали, здрави оброци секој ден. Вашата исхрана нека биде богата со протеини со малку масти започнете или продолжете да јадете зеленчук и овошје. Тоа треба да стане дел од вашата здрава исхрана.
2. Ослободете се од другите грицки кои имаат многу масти и калории.
3. Пијте вода наместо сокови или други високо калориски пијалоци како газираните сокови.
4. Во текот на денот, користе само пуканки како ужинка.
5. Купете пуканки без сол, а можете и да ги направите сами дома.
6. Направете пуканки без додавање на масло и сол

Зошто е практична диетата со пуканки?
– Пуканките се популарен производ кој е широко достапен во повеќето продавници
– Пуканките се дел од здравата исхрана
– Тие се богати со влакна и имаат многу малку масти
Зошто не е практична диетата со пуканки?
Замените на оброците во диетата не се делотворни при долгорочното слабеење. Хранете се правилно и вежбајте секојдневно, така ќе пронајдете навистина добар план за слабеење.