4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот пазар на велосипеди ќе вреди 101 милијарда долари до 2030 година

Глобалниот пазар на велосипеди ќе вреди 101 милијарда долари до 2030 година

Велосипедскиот сообраќај станува се почест и позначаен, а за тоа дека се развива со брзо темпо говори и фактот што пред крајот на оваа година беше завршена претпоследната етапа од изградбата на првиот велосипедски автопат во Виена, кој во иднина ќе води од општината Донаустат до центарот на градот, во должина од седум километри.

Оваа сообраќајница со вкупно околу 900 метри двонасочна велосипедска патека е вистински рај за велосипедистите.

Виена, како и многу други градови во Европа, работи на екомобилност, а тоа е незамисливо без велосипедисти. Истовремено, глобалната велосипедска индустрија бележи исклучителен раст, што е последица на зголемувањето на свеста за здрав живот, додека велосипедите се повеќе се користат за патување, рекреација, спорт, планинарење…

Според истражувањето објавено од Research and Market, глобалниот пазар на велосипеди во 2022 година се проценува на 60,8 милијарди долари, а до 2030 година се предвидува неговата вредност да достигне 101 милијарда долари, со годишен раст од 6,6 отсто во период од осум години.

Се вели дека хибридните велосипеди, еден од сегментите анализирани во извештајот, ќе пораснат за осум проценти до 2030 година и ќе достигнат 44,2 милијарди долари.

Пазарот на велосипеди во САД се проценува на 9,9 милијарди долари во 2022 година. Кина, втората по големина економија во светот, се предвидува да достигне проектирана големина на пазарот од 22,6 милијарди долари до 2030 година.

Други пазари кои вреди да се забележат ги вклучуваат Јапонија и Канада, за кои се предвидува раст од 4,4 проценти и 4,8 проценти во периодот 2022-2030 година. Во Европа, се предвидува дека Германија ќе расте за околу пет проценти годишно до 2030 година.

Утрехт во Холандија е рангиран како град каде велосипедистите се најмногу застапени и тие сочинуваат околу 51 отсто од вкупното население.

Вториот град на листата е Минстер во Германија и има исклучително ниска стапка на смртност кај велосипедистите. За тоа придонесуваат промоции на велосипедизам и разни настани со оваа тема, пренесува CNBC.

Антверпен, Белгија се рангираше на третото место на листата и е едно од најприфатливите места за купување и добивање велосипед. Низ градот има околу 4.000 патишта за овој вид превоз.

На листата на Топ 10 градови во светот „пријателски за велосипеди“ следат Копенхаген, Амстердам, Малме, Хангжу, Берн, Бремен и Хановер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП