Официјални лица во Русија најавија дека ќе го зголемат намалувањето на извозот на нафта во декември за околу 50.000 барели дневно и порано од планираното, пренесува магазинот „Недеља“ на Националниот нафтен комитет на Србија, повикувајќи се на агенцијата Ројтерс.
Во декември, Саудиска Арабија и Русија, двата најголеми светски извозници на нафта, ги повикаа сите членки на организацијата ОПЕК + да се приклучат на договорот за намалување на производството.

